ВМРО-ДПМНЕ ги осудува нападите и навредите врз интегритетот и личноста на нивните пратеници

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува „континуираните и синхронизирани напади и навреди врз интегритетот и личноста на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ организирани токму од СДСМ, како и ширење на невистини, конструкции и дрски лаги за нивниот приватен живот од страна на медиумите, порталите и новинарите кои што одработуваат за СДСМ“.

- Посебно сме згрозени кога предмет на ваков напад се припаднички на понежниот пол. Тоа доволно зборува во каква кал и колку ниско е закопан СДСМ. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ смета дека ова непрофесионално, нечовечко и неетичко однесување на одредени медиуми и новинари воопшто не е наивно, туку дека претставува конструирана и добро смислена кампања за оцрнување и ширење на лаги и измислици за пратениците од редовите на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Крајно лицемерни и дрски, се нагласува, се обидите на СДСМ да се претстават пред граѓаните како нормална партија, а од друга страна се занимаваат со вакви ниски и подли конструкции и лаги кои задираат во приватниот живот на пратениците и политичарите, а особено во приватниот живот на жените кои се занимаваат со политика.

- Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ апелираме во иднина медиумите и новинарите блиски до СДСМ и опозицијата да престанат да се занимаваат со навреди, омаловажувања, потценувања, ширење на лаги и манипулации и конечно да започнат да ја работат својата работа професионално и коректно, бидејќи граѓаните веќе оддамна ги прочитаа ваквите нивни очајнички обиди за ширење на невистини, лаги и манипулации, се доодава во соопштението од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

 

 

Оцени ја веста

09.10.2015 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега