Мерките на Владата ефективни: Преполовен бројот на приматели на социјалната помош

Од околу 60 илјади приматели на социјална помош во 2006 година, сега тој број во Македонија изнесува 30 илјади, информира министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Велес.

- Намалување на бројката е резултат на мерките и политиките на Владата на Република Македонија за зголемување на бројот на работни места, за привлекување на странски инвестиции и на активните мерки за вработување, рече Спасов.

Тој потсети дека токму преку проектот „Македонија вработува“ им се овозможува значителна поволност на приватните компании, доколку вработат лица со посебни потреби. Притоа имаат можност да бидат ослободени од социјалните придонеси.

- Тоа е многу важно за  овие лица со посебни потреби, како и за компаниите, истакна министерот  Спасов.

 

 

Оцени ја веста

09.10.2015 - 15:30
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега