Се разбеснил зошто Албанија загуби: Тетовчанец направил хаос на Илинденска

Дваесет годишниот Б.М. од Теарце вчера вечерта го нарушил јавниот ред и мирна улица „Илинденска“ откако се разбеснил бидејќи Албанија загуби од Србија на натпреварот во Елбасан.

По завршувањето на квалификациониот натпревар помеѓу фудбалските репрезентации на Албанија и Србија, кој организирано се следел на тетовскиот плоштад, движејќи се по улица „Илинденска“, во забележително алкохолизирана состојба, тој со раце скршил две банкарски светлечки реклами, информираат од СВР Тетово.                                                                                      

При тоа, Б.М. се самоповредил, по што е приведен, укажана му е лекарска помош во тетовската клиничка болница и потоа изготвени му се два платни налози по член 5 и 6 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

 

 

Оцени ја веста

09.10.2015 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега