Претседателот Иванов го посети Културно-информативниот центар на Македонија во Софија

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во рамки на работната посета на Бугарија го посети Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, кој годинава одбележува јубилеј 10 години од функционирањето, пренесе МИА.

На средбата со директорот на Центарот Васко Шутаров, претседателот Иванов беше информиран за дејноста на КИЦ. Тој упати честитки за досегашната работа на Центарот, кој вели е вистински репрезент на македонската култура во Бугарија.

Шутаров, посетата на претседателот Иванов на македонскиот храм на културата овде во Бугарија ја смета за охрабрување на културната дипломатија и поддршка на нивниот 10-годишен труд и постоење во Софија, кој е веќе препознатлив на кулутрната сцена во бугарската престолнина, но и ширум Бугарија.

Во изминатиот десетгодишен период, истакна тој, во КИЦ се реализирани преку 350 културни настани, преку 600 култуни работници биле наши гости, а на уште толку проекти биле поддршка или партнери. Годинава со поддршката на Министерството за култура, рече Шутаров, имаат исклучително богата јубилејна програма со гостувања на македонски врвни оперски имиња, уметници и исклучително значајни книжевници.

 

- Благодарение на поддршката на Министерството за култура за поттикнување на преведувањето на македонски автори на странски јазици веќе се потпишани седум договори за преводи на македонски автори на бугарски јазик меѓу кои дел се веќе издадени. Од печат илезе „Ѕвездениот корен“ од академик Анте Поповски, за кој догодина ќе одбележиме 85 години од неговото раѓање, рече Шутаров.

КИЦ благодарение на 10-годишно свое постоење и богатата програма, нагласи тој, веќе има бројна публика која може да исполни камерни простори, но и просторни кои собираат повеќе илјади посетители. Годинава, оствариле пробив на културната понуда во многу други градови во Бугарија, а особено го издвои Пловдив, кој е европска престолнина на културата за 2019 година, пренесе МИА.

Тој најави дека до крајот на годината ќе бидат домаќини на уште три изложби, два музички настани, а на крајот на годината ќе бидеме претставени на саемот на книгата во Софија.

На 22 октомври во протсториите на КИЦ ќе биде отворена изложба на академскиот сликар Коле Манев насловена „Неспокој - спокој“. Инаку, по повод посетата директорот на КИЦ Шутаров на претседателот Иванов му подари врамен плакат посветен на 10 годишнината од функционирањето на КИЦ. 

Со посетата на КИЦ на Република Македонија во Софија, претсдетаелот Иванов ја заврши работната посета на Бугарија.

 

 

Оцени ја веста

09.10.2015 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега