Кој ќе ја добие Нобеловата награда за мир? Ангела Меркел најсериозна кандидатка

Во година полна со триумфи, има некоку сериозни кандидати за добивање на Нобеловата награда за мир.

Секако многумина мислат дека наградата треба да ја добијат хероите на мигрантската криза која ја зафати Европа, пишува NBC News.

Еве кои кандидати котираат најдобро за добивање на Нобеловата награда за мир.

Ангела Меркел

Германската канцеларка беше пофалена поради тоа што ги повика мигрантите од Сирија во нејзината земја, додека другите лидери ги блокираа границите.

Муси Зераи

Католичкиот свештеник од Еритреа помогна да се спасат илјадници мигранти со преземање на повиците од бродовите во кои се пренесуваа мигранти во Средоземното море. Користејќи ги своите контакти со Италијанската крајбрежна служба, 40-годишниот свештеник спасил многу животи.

Папата Франциско

Сериозните заложби на папата за социјална еднаквост, го доведоа пред наградата за мир за 2015 година.

Џон Кери

Името на Џон Кери се појави за кандидат за добитник на Нобеловата награда, откако тој се договори со Техеран за нуклеарката.

 

 

Оцени ја веста

09.10.2015 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега