Драги мои жени, јас ви завидувам - Кристијан доби ќерка па сакаше цел Балкан да слушне за ова!

Кристијан од Сомбор, Хрватска, неодамна станал татко. Бил толку среќен што добил ќеркичка па морал на сите да ја подели радноста вест, објавувајќи го постот на својот блог. 

Емотивно писмо:  Ми раскажуваа, знаев се, но сепак не сум знаел ништо. 

-Ќе плачеш, чувствувам бидејќи ќе дознаеш што е ЉУБОВ, за кого дишеш и за кого живееш. Ме уверуваа дека тоа е најубавото нешто на светот и дека тоа чуство е нешто што до сега го немам доживеано и почувствувано. Ми рекоа да не се грижам и дека се ќе биде во ред. Ана и јас сме слушнале различни приказни и сведоштва на трудници. Не интересираше нас се, а јас сакав да знам што ја чека Ана и што се морам да правам за да и помогнам и како најдобро да се подготвиме за тој ден. Ех да сум занел. Бев сигурен дека знам, бидејќи ми зборуваа многумина и бев уверен дека сум подготвен и дека знам се, но не сум знаел ништо. 

Ок признавам, емотивец сум, плачам на филмови, но тие солзи некако доаѓаат брзо и кратко траат, и морав да ја лажам Ана дека очите ми се црвени од алергија. И моите родители се такви, јас сум нивна копија, и благодарен сум на тоа. Но зошто е важно дали сум емотивен или не и кои се моите родители? Па важно е, и тие го проживеале ова што јас го почуствував, се што мојата Ана проживеала пред неколку часа и се што досега не сум занел да го ценам колку што навистина требало. О, како тоа се промени.  Нормално, знам дека вие си ги сакате своите деца. Знам дека не сум единствениот кој сака најмногу и кој сака толку силно што понекогаш е неиздржливо и неописливо. Само тоа сакав да го кажам на глас, бидејќи ми е мило што и јас станав дел од тој тим. 

Сите жени кои имаат дете или се обидуваат, им порачувам дека ги почитувам и ги разбирам, а на мојата мајка имам нешто да и кажам: 

- Ти се дивам и го молам Бога да бидам како ти и татко, само тогаш ќе знам дека сум успеал и дека сум на добар пат. Ти благодарам што покрај неподносливата болка си издржала до крај и мене си ме донела на свет. Бидејќи овој свет не е богатство, вие сте и жвиотот кој сте ми го дале ти и тато и почитувам што низ љубовта сте не направиле мене и сестра ми. И простете ми ти и тато за секој лош збор, јас ен знаев, но секогаш ве сакав силно и тоа никогаш нема да се промени. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

02.10.2015 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега