Хаос на свадба: Полицијата поради врева ги растера гостите од прославата

Милан М. од Белград за соседите сакал да им приреди веселба на полјана, но некој се жалел на вревата, па прославата ја прекинала полицијата, а кога невестата стигнала со семејството го начекал само младоженецот во солзи, се налутила и не сакала повеќе да слушне за него. 

- Сакав со сите да ја споделам својата среќа. Затоа организирав свадба на полјана во Нов Белград и ги повикав сите соседи да дојдат, а поклоните ги забранив. Сакав на сите да се опуштиме и убаво да си поминеме, да ја усреќам мојата сакана, која ја чекав целиот живот, вели Милан за Курир и додава дека се за една вечер пропадна и дека неговата невеста повеќе не сака да чуе за него. 

Според пишувањата во белградските медумите свадбата почнала во сабота навечер, а за еден час дошле стотина гости, пиење и храна имало во големи количини, свирела музика, соседите се веселеле и чекале да дојде невестата, нко наместо неа дошла полицијата. 

- Дошле, наводно поради пријава за врева. Тоа го направил некој злонамерен, да ја расипе мојата среќа, а инспекцијата  ми напиша казна и ја прекинаа свадбата, а соседите си заминаа, вели очајниот младоженец. 

За да биде најлошото, невестата  стигнала после полицијата, кога дошла наидела на хаос.

- Се откажа од се, не сака повеќе ни да чуе за мене ниту да ме види. Ужасно е посрамотена, вели Милан. 

 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

02.10.2015 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега