Страшно: Бојана Стаменов за малку ќе се угушеше

Српската евровизиска претставничка Бојана Стаменов, која моментално се наоѓа во реалното шоу „Фарма“ за малку ќе се угушела.

Пејачката инаку има проблем со дијабетес, поради што пие лекови, а дополнително си го уништи здравјето со нервозите на имотот, поради што доби напатд на астма.

Во моментот кога Бојана почувствувала дека не може да дише и потполно изгубила воздух, потрчала до гардеробот, каде ја оставила пумпата. Но пумпата не била таму, па пејачката добила аритмија и седнала на под. За среќа фармерите и помогнале да ја пронајде пумпата.

„Сеуште не се чувствувам добро, морав да спијам и да лежам бидејќи многу се уплашив кога ми се случи нападот, а не можев да ја најдам пумпата. Најлошо од се е што срцето почна да ми чука чудно, а имам и дијабетес“, загрижено изјавила Бојана.

 

 

Оцени ја веста

02.10.2015 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега