Русите погодија база - џихадистите бегаат

Сириската новинска агенција Сана потврди дека Русија изведе напади на Исламската Држава на седум различни локации и дека на џихадистите им нанеле тешки загуби.

Инаку Руското министерство за одбрана денеска соопшти дека почна војната операција против Исламската држава во Сирија.

На мета се војната опрема, комуникациите, складиштата за оружје, муниција и гориво, пренесуваат руските медиуми.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека единствен начин да се дејствува против терористите во Сирија е да се дејствува превентивно и додаде дека ангажирањето на Русија на Блискиот Исток ги опфаќа само руските воздухопловни сили, како и дека ќе биде привремено.

 

 

Оцени ја веста

30.09.2015 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега