Пешевски меѓу подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ и Европската народна партија- дискусии на високо ниво

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во соработка со подмладокот на Европската народна партија организира четиридневен настан во Македонија, каде што се отвораат дебати за сите тековни прашања.  

Дел од македонските политички лидери презентираат пред младите луѓе за нивните искуства, политики, начинот на размислување, а сето тоа ќе биде преточено во соодветни заклучоци кои понатаму ќе бидат дадени пред Европската народна партија и кои ќе резултираат во соодветни мерки и политики на европско ниво.

На денешниот форум кој се оддржа во Порта Македонија, присуствуваше заменик- претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, кој пред младите говореше за актуелни прашања.

-Над 10 земји се присутни денеска во Македонија. Дискусиите се навистина на високо ниво. Јас со задоволство говорев за дел за економските политики, дел за тоа што се наши гледања за просперитетот во Македонија, но и како да изградиме просперитет особено за младата генерација во Европа. Имаше многу интересни прашања и јас се надевам дека и учесниците ќе излезат од овој собир за нијанса помудри и поискусни и дека тоа ќе помогне во креирање на соодветни политики на ниво на Европската унија кои што ќе бидат од корист за сите нас, истакна Пешевски.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека е способна да организира настани од највисоко ниво.

 

 

Оцени ја веста

30.09.2015 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега