Сребрен медал за Јованоски на Светски куп во Германија

Изминатиов викенд во Германија, Васеркупе се одржа четвртиот Светски Куп во прецизно слетување на кој учествуваа македонските репрезентативци Борјан и Мартин Јованоски.

Иако условите не беа најидеални, овој пат Борјан Јованоски кој беше и најмлад натпреварувач освои сребрен медал со 15 негативни поени, а неговиот брат Мартин беше малку послабо рангиран во конкуренција од 60 натпреварувачи од 11 различни земји.

Првото место му припадна на Матијаж Ферариќ (Словенија) со 8 негативни поени, кој се наоѓа на 3-то место на Светската ранг листа. Третото место му припадна на Драган Попов (Србија)со 26 негативни поени, кој е на 10-то место на Светската ранг листа.

Тимот на Мартин и Борјан го освои 2-то место во екипна конкуренција. Покрај одличните резултати од предходното првенство во Бугарија, ова е уште еден доказ дека Македонија и Прилеп можат да се пофалат со квалитетни спортисти, спортисти – амбасадори на Македонија во Светот, со кој Македонија треба да се гордее и во кој треба да вложува се повеќе и повеќе, кои имаат Светски резултати, спортисти кои котираат високо на Светската ранг листа - FAI. Поради самофинансирањето, и трошоците, од вкупно 6 Светски купови оваа година (Филипини, Малезија, Србија,Германија,Кина, Бугарија) ќе земат учество само на два. На овој кој веќе се одржа во Германија, и на оној кој ќе се одржи во Буарија, со надеж за освојување на златото.

-Многу сум среќен што сум на пиедестал на Светски куп поточно што го освоив 2-то место, особено на Светски куп кој имаше најголема и најквалитетна конкуренција, се натпреваруваа пилоти кои досега биле  Светски и Европски прваци, овој Светски куп беше од толку висок ранг како и финалето на Лигата на шампиони во фудбал. Ветувам дека со уште подобри подготовки и со мала финансиска помош, наредниот Светски куп или наредната сезона ако присуствувам на сите Светски купови ќе го освојам златото на севкупниот ранкинг, вели Борјан Јованоски.

 

 

Оцени ја веста

30.09.2015 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега