Мајката на Дражен Петровиќ се шокирала кога отишла на неговиот гроб

Бисерка Петровиќ во понеделникот наутро дошла на гробот на својот син Дражен, а на него ја пречекало изненадување.

Некој на гробот на поранешниот југословенски кошаркар оставил грст медали, без каква било порака и име.

„Се случувало и порано некој да остави медал, но тоа најчесто би бил еден со порака. Повеќепати имам најдено медал што некој му го подарил на Дражен за роденден или за годишнина од смртта. Но, овој пат ги имаше многу. Ги земав, добро ги исчистив, бидејќи два дена врнеше дожд, ги однесов во Музејот и ги избројав. Ги има дури 16“, рекла госпоѓа Петровиќ, која била пресреќна што никој не ги зел оставените медали во текот на двата дена колку што таа не била на гробот.

Би сакала лицето што ги оставило да се јави за да можам да му се заблагодарам и да ги внесам сите медали во евиденција,  вели мајката.

 

 

Оцени ја веста

30.09.2015 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега