Доаѓа саудиски Шеик – инвеститор: Никој не смее да се ракува со него, ниту да ја гледа ќерка му

Саудискиот шеик Абдул Мосен Ал Хокаир, основач и сопственик на компанијата Ал Хокаир Груп утре доаѓа во Белград за да го потпише договорот за купување на Делта Спорт, една од компаниите од Делта Холдингот на уапсениот Миодраг Мишковиќ.

Во мејлот кој вчера стигнал до продавниците на Делта Спорт, регионалниот менаџер на компанијата ги известува вработените како треба да се однесуваат за време на посетата на шеикот.

„На жените кои работат во бутиците на Делта спорт им се забранува да се ракуваат со шеикот, а на мажите им е забрането да се ракуваат со него и да ја гледаат ќерка му која доаѓа со него во Србија“, пишува во мејлот.

Во Делта Холдингот потврдуваат дека шеикот утре ќе се сретне со директорот на Делта Спорт, Горан Кариќ, зет за ќерка на уапсениот газда.

Делта спорт веќе подолго време бара стратешки партнер и најблиску е до договор со саудискиот шеик. Според неофицијалните информации, шеикот кога ќе ја преземе Делта спорт ќе ги продаде сите брендови, освен Најк.

најчитано сега