Ставрески: 21 милијарда денари за патишта следната година

Следната година 21 милијарда денари ќе се издвојат за изградба на патишта, како изградбата на трите автопати Скопје – Штип, Кичево – Охрид и Демир Капија - Смоквица, како и бројни регионални патишта како на пример патот од Радовиш до Штип и од Штип кон Кочани кој ќе почне да се гради следната година и ќе овозможи подобрување на конкурентноста на македонската економија. Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансиии Зоран Ставрески, кој денес е во посета на општина Босилово.

Вицепремиерот истакна дека буџетот за 2016 има силна развојна компонента и историско највисоко ниво на капитални инвестиции во вкупна вредност од 37,5 милијарди денари.

-Конкретно, за струмичкиот регион, по изградбата на патот од Струмица до Радовиш, како и експресниот пат од Радовиш до Штип, ќе се подобри конкуреноста на економијата. Како и со изградбата на автопатот од Штип до Скопје, со што од Струмица до Скопје ќе се стига за помалку од еден и пол час. Тоа ќе овоможи развој на регионот на југоисточна Македонија и подобрување на конкурентноста на фирмите. Покрај тоа има и други инфраструктурни проекти кои се од значење како почетокот на изградба на клиничката болница во Штип, изградбата и реновирањата на училишта, на спорски објекти, на комунална инфраструктура, изјави вицепремиерот Ставрески.

Тоа, како што рече, се проекти вградени во буџетот и истите ќе дадат импулс за развој на македонската економија, односно да го постигнеме очекуваниот раст од 4 отсто.

 

 

Оцени ја веста

25.09.2015 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега