Општина Кисела Вода спроведува мерки за енергетска ефикасност во градинката „8 Март” во Пржино

Во Градинката “8 Март” во Пржино започнаа градежни активности за спроведување на мерки за енергетска ефикасност. Општина Кисела Вода потпиша Меморандум за соработка со Заедницатата на единиците на локалната самоуправа на РМ-ЗЕЛС, во рамките на проектот “Енергетска ефикасност во општинските асоцијации”.

Истиот е финансиран од страна на Германското Министерство за економска соработка и развој и Швајцарската Влада и го спроведува Германското друштво за Интернационална соработка во соработка со ЗЕЛС, преку отворениот регионален фонд за југоисточна Европа, за кој општина Кисела Вода аплицираше на јавниот повик и беше најдобро рангирана од пристигнатите апликации.

Во моментов се врши промена на надворешната столарија и промена на фасадата, со што за сите 140 дечиња кои тука го минуваат секојдневието ќе се обезбедат подобри услови, а воедно овие мерки значат и значен чекор напред во заштитата на животната средина. За овие градежни активности се обезбедени 1 622 164 денари.

Дополнително, во рамки на истиот проект, постојниот котел што работи со нафта ќе биде заменет со котел што како енергенс користи биогориво. За инвестицијата која ќе овозможи целосно еколошки начин на загревање со биомаса, во моментов се спроведува постапка за избор на најповолен понудувач. Финансиските средства ќе бидат обезбедени од страна на општина Кисела Вода и од Германското друштво за Интернационална соработка во соработка со ЗЕЛС.

За отпочнувањето на проектот беа известени и Министерството за труд и социјална политика, но и родителите кои ги носат своите деца во оваа градинка. Преку родителска средба, пред почетокот на градежните активности тие беа информирани дека во објектот на градинката е направена привремена изменета внатрешна организација, додека траат градежните дејствија, со цел воспитно-згрижувачкиот процес непречено да се одвива, а имплементирањето на мерките за енергетска ефикасност да биде што побрзо и поефикасно.

Во насока на подобрување на условите за грижа и едукација на децата во јавните детски градинки, општина Кисела Вода веќе изведе реконструктивен зафат на покривот на оваа градинка, на површина од околу 1270 квадратни метри. За новиот покрив, локалната самоуправа издвои 2.5 милиони денари од својот буџет

 

 

Оцени ја веста

25.09.2015 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега