„Секогаш ќе ги викам Циганоскопјани“ - грчките неонацисти не запираат

Секогаш ќе ги викам Циганоскопјани, актуелната грчка влада нема законско право да го реши прашањето за името, а само националистичка, еднопартиска влада може повторно да ја направи силна земјата, вели пратеникот од неонацистичката партија, Илијас Панајотарос во интервју за  националистички ориентираниот весник Стохос, пренесува Канал 5.

На прашањето какви се изгледите за наоѓање решение на спорот, по разговорите меѓу Иванов и Папуљас во Загреб и по последните случувања, Панајотарос вели: „Најпрво не се легитимни да го сторат тоа. Владата што ја имаме, тоа е лажна влада со мал процент во грчкиот народ. Види ги процентите од најдобрите анкети. Неа димократија 24% и ПАСОК 4%, што значи 28%. Од кога 28% се легитимни да отстапуваат имиња за останатите 72%? Во 1992та Златна зора објави постер со сонцето од Кутлеш и со слоганот „Никаков компромис за нашата Македонија“ Од тогаш до сега сме со непроменети позиции, Дали со 7%,дали со 17% или со 27% или да остане сам еден златнозорец, за името на Македонија не се преговара.“

-Ти се восхитував а ти се восхитуваше и пола Грција  кога го виде видеото на интернет како го средуваш шоферот на цигано-скопски камион кој има знак на непријателската пропаганда, му вели новинарот на „Стохос“ на грчкиот пратеник, прашувајќи го што смета дека треба властите да направат на тема ваквите ознаки на возилата.

-Треба да ги отстрануваат и да ги враќаат назад камионите што ја имаат оваа срамна ознака и ознака на пораз на грчката надворешна политика. Македонија е една и е грчка и за ова име, за нејзините деривати, како и за сите локални или други определувања кои го вклучуваат името Македонија не се преговара! Но, кој ќе даде наредби за ова? Досегашниот министер Аврамопулос? Или можеби Венизелос? Само националистичка, еднопартиска влада може да ја направи нашата држава силна, одговара Панајотарос.

Грчкиот пратеник за „Стохос“ најавува дека годинава, на 21. јули повторно ќе одржат протест на македонско-грчката граница кај Лерин. 

ИЗвор: Канал 5

најчитано сега