Таткото на новинарката во очај: Барем да можам да ја погребам мојата ќерка!

Новинарката Јелена Крашиќ од Нови Сад загинала на Саем за наутика во Кан за време на тест возење. Испаднала од чамецот и паднала на проперел на 12 септември во доцните часови за време на водечката наутичка манифестација во Европа.

Француските медиуми пренесоа дека несреќата се случила за време на тест возењето на гумениот глисер марка МХ-12 на италијанскиот произведувач  “Кантијери Магацу“ со кој управувал колега на Јелена, исто така новинар од Србија. Покрај нив двајца во чамец бил и Ренато Магацу, косопственик на компанијата која го произвела глисерот.

Нејзиниот татко е очаен. Вели дека сака да го добие телото на својата ќерка за барем да ја закопа. Целото семејство е во шок и не може да се помири со големата загуба. 

- Сите се потресени, не ни се верува. Како можеше да дојде до ова? Секогаш ќе биде со нас, нашата Јелена ќе биде во нашите срца, вели нејзин роднина.

Трагедијата го потресе целиот регион.

 

 

 

 

Оцени ја веста

22.09.2015 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега