Невреме во Куманово

Силно невреме проследено со интензивни врнежи од дожд, ситен град на одредени локации, електрични празнења и силен ветер, што попладнево го зафати Куманово предизивика проблеми во централното градско подрачје.
 
Лимен кров од зграда, лоцирана спроти основото училиште „Браќа Миладиновци“, паднал врз паркиран автомобил „рено меган“, а ја турнал и заштитната ограда на училиштето. Нема повредени при овој несреќен случај. Станарите од зградата и сопственикот на автомобилот повикале полиција која ја блокираше улицата за сообраќај.
 
Невремето во кумановско започна околу 16.15 часот и траеше половина час. На неколку локации во Куманово силниот ветер откорнал и гранки од дрва.
 
Од ТППЕ Куманово информираат дека интервенирале на поплавени подрумски простории на улицата „Киро Фетак“.
 

 

Оцени ја веста

20.09.2015 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега