Груевски: Во Скопје 27 милиони евра за градба на објекти

Активно се работи на изградба на водоводот во Општина Шуто Оризари, инвестиција вредна три милиони евра со која ќе се реши проблемот со водоснабдување на 40.000 жители во општината, изјави премиерот Никола Груевски по отпочнувањето со градба на нова спортска сала во Шуто Оризари.

- Изградбата на водоводот го почнавме некаде во месец јуни и оди со одлична динамика, според планот. Во моментот се работи на изградба на резервоарот и на претпумната станица, така што некаде во третиот квартал следната година, односно втората половина на следната година треба да биде целосно завршен и жителите на ова населено место конечно да добијат вода во своите домови преку овој систем и да престанат проблемите на жителите на Шуто Оризари поврзани со недостигот од вода, особено во летните периоди, рече премиерот Груевски.

Тој нагласи дека се гради многу и ќе продолжи да се гради. Имаме листа на чекори кои ќе следат во Шуто Оризари, но посочи, се гради и секаде во Скопје.

-Во Скопје во моментов има градба на проекти кои се започнати или објавени во вредност од 27 милиони евра. Во Ѓорче Петров се градат 15 улички и кружниот тек, се изгради катната гаража „Тодор Александров“, паркот „Македонија“ меѓу Козле и Карпош, се започна градбата на булеварот „Трета македонска, бригада“, парк-шумата „Гази Баба“, а голем број улици и булевари се прошируваат. Така што има многу работа и на Владата и на општините и на Градот Скопје. Се гради со полна пареа, а општината Шуто Оризари е со посебно внимание затоа што овде недостасувале и се уште недостасуваат некои основни инфраструктурни работи, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

 

 

Оцени ја веста

20.09.2015 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега