Др. Дарко Крстов: Професионалната посветеност отвора врати

Дарко Крстов е млад македонски хирург кој наместо Македонци оперира Хрвати. Неговата приказна успешно се гради во хрватската општа болница во Дубровник, каде за неполни пет години станува синоним за позитивен и професионален лекар. Особено интересен предизвик за разговор со него е кога таа приказна ќе ја слушнете во сосема случаен разговор, од сосема случајна личност на брегот јадронското море во Дубровник. Кога некој хрватски државјанин, со восхит ќе те праша дали го познаваш Д-р. Крстов, невозможно е а да го запознаете.

Младиот хирург е од источна Македонија, роден 1973 во Кочани. Особено значајно е што обидот со професионална посветеност да ги отвори вртатите на општата болница во Дубровник му успева со завршен медицински факултет во Скопје.

- Медицинскиот факултет во Скопје нуди одлична наобразба за секој кој сака да студира медицина. Има високи критериуми, поставен е на здрава основа, нуди одлична можност за стекнување знаење и искуство кое може да се примени во која било држава во европската Унија, вели доктор Крстов во интервјуто за Прес24.

Пред интеграцијата на Хрватска во Европската унија, македонското и хрватското здравство биле многу слични. Денеска Хрватска чекори кон зголемена професионалност и одговорност кон пациентите. Колкава е вредноста на еден лекар можете да проверите на еден од неколкуте сајтови за јавна оценка, што е практика во хрватскиот здравствен систем. Таму Крстов од Македонија е во врвот со оценка до максималната пет.

- Совест, професионалност, позитивна енергија, достапност за секој пациент, има свој “feedback”. Оценувањето на лекарите во Хрватска е пракса и тоа може да го направи секој пациент преку порталите кои се достапни non stop: Овде не игра улога само оперативната интервенција, туку и тоа како е примен пациентот (љубезноста), постоперативната нега (грижа околу пациентот), како и достапноста и одговорноста околу пациентот, вели за Прес24, Крстов.

Неговото високо ниво на професионалност не му дозволува паушално да го оценува македонското здравство, како што тоа гордо знаат да го прават многумина. Едноставно вели, јас не сум таму за да давам објективни оценки.

-Македонскиот модел на здравство беше многу сличен со Хрватскиот модел на здравство до 19.10.2011 година, т.е. до периодот кога бев во Македонија и можев да споредам. Од тој период реформите во македонскиот здравствен систем почнаа да се применуваат така што неможам да кажам дали овие реформи кои се направени се слични со реформите во хрватскиот здравствен систем затоа што не сум бил сведок на тие случувања, вели во интервјуто за Прес24, доктор Дарко Крстов.

Неговата иднина ја гледа во здравството на Европската унија. Крстов во Дубровник живее со својата керка и сопругата, која е општ лекар. Условите овозможуваат таа за многу кратко време да почне да работи како лекар исто така во Хрватска.

 

ПРЕС24: Речиси пет години сте дел од тимот на општата болница во Дубровник каде работите. Изборот беше Ваш, или некои други причини беа пресудни, наместо Македонци, да оперирате Хрвати?

Д-Р. КРСТОВ:Полни четири години работам на Абдоменална хирургија во Општата болница Дубровник. Сигурност, влезот на Хрватска во Европската Унија, подобри услови за работа и повисок стандард, беа клучни во мојот избор да ја прифатам понудата за работа во Хрватска(Општа болница Дубровник).

ПРЕС24: Медицински факултет имате завршено во Скопје, Ви претставуваше ли тоа некаква пречка, со оглед на тоа дека медицинското образование го имате стекнато во држава која не котира така високо на скалата на светската универзитетска листа. Како впрочем реагираа останатите тамошни лекари при Вашето доаѓање?

Д-Р. КРСТОВ:  Медицинскиот факултет во Скопје нуди одлична наобразба за секој кој сака да студира медицина. Има високи критериуми, поставен е на здрава основа, нуди одлична можност за стекнување знаење и искуство кое може да се примени во која било држава во европската Унија. Со стекнатото знаење на медицинскиот факултет во Скопје и стекнатото искуство на специјализација во Скопје (Воена болница, клинички центар), во Белград ( прва хируршка клиника), Тетово(приватна општа болница), во Ријека(клинички центар), немаше никаква пречка за работа, комуникација и соработка со сите колеги во општата болница во Дубровник, а не само на Абдоменалната хирургија.

ПРЕС24: Денес, според реакциите на Ваши колеги сте еден од високо ценетите хирурзи во Дубровник. Подготвувајќи се за ова интервју на интернет налетав на една страница за оценки на лекарите на која пациентите за Вас дале екстремно висока оценка. Сакам да Ве прашам, дали овој принцип на јавно оценување на работата на лекарите е накаква пракса во Хрватска или станува збор за нешто сосема друго?

Д-Р. КРСТОВ:  Совест, професионалност, позитивна енергија, достапност за секој пациент, има свој “feedback”. Оценувањето на лекарите во Хрватска е пракса и тоа може да го направи секој пациент преку порталите кои се достапни non stop: Овде не игра улога само оперативната интервенција, туку и тоа како е примен пациентот (љубезноста), постоперативната нега (грижа околу пациентот), како и достапноста и одговорноста околу пациентот.

ПРЕС24: Во периодот кога Вие доаѓате на работа во Дубровник, Хрватска интензино е во потрага по лекари. Каква е сега ситуацијата, дали “пазарот” во Хрватска се уште е отворен за медицинари од странство?

Д-Р. КРСТОВ:  Хрватска е либерална држава. Меѓутоа со влегувањето на Хрватска во Европската Унија критериумите за работа на лекари во Хрватска е како во сите држави од Европската Унија. Тоа значи дека треба нострификација на дипломата. Тоа не треба да биде никаква пречка за кој било млад лекар кој сака даработи во Хрватска или во која било држава од Европската Унија.

ПРЕС24: Истовремено и голем дел од европските држави, како Германија на пример има потреба од лекари од надвор. Според некои анализи на лекарските здруженија во Македонија, минатата година повеќе од 200 лекари од разни области, претежно млади, ја напуштиле Македонија. Како Вие гледате на овој тренд?

Д-Р. КРСТОВ:  Сигурност, добри услови за работа, позитивен амбиент и повисок стандард е нешто клучно кај секој млад човек кој донесува одлука дали ќе остане во својата земја или ќе работи некаде каде ќе најде нешто подобро.

ПРЕС24: Сега Хрватска е дел од Европската Унија, а со тоа  се отвраат и нови хоризонти. Но, јас сакам да Ве прашам, како интеграцијата на Хрватска во Унијата и имлементацијата на европските регулативи се рефлектира врз здравствениот систем во Хрватска?

Д-Р. КРСТОВ:  Влегувањето на Хрватска во Европската Унија отвара нови хоризонти и можност за секој млад човек. Здравствениот систем во Хрватска успешно ги прифаќа, почитува и применува европските регулативи.

ПРЕС24: Во што е разликата меѓу хрватското и македонското здравство?

Д-Р. КРСТОВ:  Македонскиот модел на здравство беше многу сличен со Хрватскиот модел на здравство до 19.10.2011 година, т.е. до периодот кога бев во Македонија и можев да споредам. Од тој период реформите во македонскиот здравствен систем почнаа да се применуваат така што неможам да кажам дали овие реформи кои се направени се слични со реформите во хрватскиот здравствен систем затоа што не сум бил сведок на тие случувања.

ПРЕС24: Што е пресудно за еден лекар да биде успешен, а воедно и високо ценет. Финансиската мотивација, условите, или?

Д-Р. КРСТОВ:  Совест, професионалност, позитивна енергија, достапност, одговорност и на крај доаѓа и финансиската мотивација.

ПРЕС24: Не знам колку сте запознаени со актуелните состојби во македонското здравство, но пред да заминете за Хрватска сте биле дел од здравствениот систем во Македонија. Како ги оценувате обидите за реформи кои се спроведуваат овде?

Д-Р. КРСТОВ:  Тоа е точно периодот која јас заминав за Дубровник и не можам да кажам дали тоа е успешен обид да се направи нешто подобро за пациентите и лекарите во Македонија.

ПРЕС24: Сте размислувале ли за опцијата за враќање во Македонија и под кои услови би било тоа?

 

Д-Р. КРСТОВ:  Во моментот не можам да размилсувам за тоа бидејќи имам период од две години кој треба да го поминам во Загреб на субспецијализација.

 

 

Оцени ја веста

20.09.2015 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега