Детали за убиството кое го потресе регионот: Убиената наставничка била бремена

Бранкица Тошиќ, учителката која е убиена во дворот на основно училиште во Србија, од страна на својот сопруг, била бремна од нејзиниот нов избраник, Драган Ивановиќ.

„Беше трудна во втор месец. Владица сигурно дозна за тоа. Затоа и ја уби. Нож во вратот, па во стомакот. Ги уби сите мои...“, раскажува Драган, вереникот на несреќната жена.

Тој кажува дека полицијата му ја соопштила трагичната вест.

„Од полиција ми се јавија во петокот. Така дознав дека е мртва. Ден пред тоа сите бевме во полиција бидејќи Владица исценира дека претходната ноќ некој пукал во неговиот двор. Најде и чаура. Ме приведоа мене, Бранкица и нивниот син Марко. На Владица му го одзедоа оружјето кое го имал дома, но куршумот не одговарал на него. Потоа Бранкица се сети дека тој дома има три пиштоли, кои соседите им ги оставиле на чување. И куршумот одговорал на еден од нив. Тогаш Владица призна дека пукал, и дека лажно ме обвини. Не пуштија и нас и него. Таа вечер му реков на инспекторот дека Владица ќе ја убие Бранкица за ден-два. Но испекторот ми рече дека тој е мирен човек“, изјави Драган за српски Блиц.

 

 

Оцени ја веста

20.09.2015 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега