Издадени се 2243 потврди на мигранти за 24 часа

Во последното деноноќие на вкупно 2.243странски државјани, издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Како што соопшти МВР, од нив 1.389  лица се од машки пол, 320  се од женски, 456 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 78 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда. Според државјанството најбројни се државјаните на Сирија-1.772, Ирак-211, Авганистан-191, Палестина-19, Иран-17, Пакистан-14, додека другите се во помал број. 

Во периодот од 19 јуни до утрово во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 87.307  странски државјани, од кои, 58.124  се од машки пол,  11.899 се од женски, 14.623 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.661 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-69.315, потоа Авганистан-6.778, Ирак-4.456, Пакистан-2.528, Палестина-938, Сомалија-625, Бангладеш-583, Конго-357, Иран-365, Нигерија-221, Камерун-165, Еритреја-163, Етиопија-126, Судан-109, додека останатите се во помал број. 

Инаку, во изминатите 24 часа до Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението  за азил се поднесени вкупно 49 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет, се наведува во соопштението.

 

 

Оцени ја веста

20.09.2015 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега