Бегалците влегуваат во Словенија илегално

Словенечката полиција соопшти дека до утринава од Хрватска илегално во Словенија влегле над 1.100 бегалци.

Тие се регистрирани на приемниот центар во Брежице и префрлени во прифатни центри низ Словенија.

Според претставничката на полицијата Аленка Дреник, податоците за бегалците не се конечни.

На граничниот премин Обрежје-Брегана уште чекаат неколку стотина бегалци.

Словенечката влада претходно објави дека ќе прифати баратели на азил, но ќе депортира секој за кого ќе се утврди дека е илегален мигрант.

 

 

Оцени ја веста

19.09.2015 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега