Наместо благодарам добиле тупаници и закани - вооружена драма го разбуди тетовско Јажинце
Ноќеска околу 1: 30 часот настанала вистинска драма во тетовско Јажинце.
19 годишниот тетовчанец А.Ш. и 21 годишниот Б.Е. со својата „Опел Корса“ ја враќале нивната 16 годишна другарка Н.Ш. во селото, но, таму ги чекало вистинско изненадување. Група насилници им се приближиле на тетовчаните и им се заканувале со пиштол, мислејќи дека тие ја киднапирале нивната соселанка Н.Ш. Расправијата прераснала во кратка физичка пресметка, но, по интервенција на полицијата, лицата биле приведени, а пиштолот бил одземен од надлежните екипи.
Од МВР најавуваат комплетно расветлување на случајот.