Прва 3Г фото изложба во Македонија

Дваесет фотографии направени со напредна мобилна технологија беа дел од првата изложба на професионални фотографии организирана од Фото сојузот на Македонија и мобилниот оператор Вип.

Фотографиите на тема „Мојот град“ ги направија 12 професионалци на различни локации во Скопје, Битола, Кратово, Штип, Охрид и Тетово.

Карактеристично и уникатно за оваа изложба е тоа што сите фотографии беа направени со мобилен телефон Самсунг Галакси С4 и во истиот момент беа испратени до присутните на изложбата и беа поставени на Фејсбук