Кире Лазаров не ја дава седумката
Kапитенот на македонската ракометарска репрезентација пред да замине на одмор со своето семејство во Хрватска во интервјуто објавено на неговата официјална веб страна lazarovkiril7.com изјавил дека во текот на целата негова кариера сакал да носи дрес на кој има барем една седумка.
-Седумката е мојот омилен број од самите мои почетоци со ракометната топка. Тогаш го одбрав овој број, бидејќи како дете гледав многу добри ракометари кои играа со левата рака, а го носат овој број. Тогаш помислив дека има некои правила каде леваците се задолжени да играат со седумката. Од тогаш до денес никако не се одвојувам од овој број. Во неколку наврати седумката беше зафатена. Зрниќ ја носеше во Загреб, Гијас во Веспрем, Фернандез во Сиудад Реал, Урдангарин во Барса. Така често се определував за броевите 17 и 77. Во еден период не го дозволуваа бројот 77, како и сите останати високи броеви, па со оглед на тоа што беше зафатена и седумката морав да го одберам бројот 17. Седумката во репрезентација е резервирана и секогаш ја носам на грбот. Едноставно овој број го засакав од мали нозе и не се делам од него, вели ракометарот.
Целото интервју прочитајте го тука.