Ќе пука сонце а потоа... - временска за цела недела

Во текот на оваа работна недела се очекува температура која ќе биде над просекот за овој дел од годината. Според Метеопро, ќе биде претежно сончево и сосема малку ветровито.

Температурата ќе бележи пораст од ден на ден. Се до петок се очекува пораст на температурата во просек за околу два степена на ден, па во петок веќе би требало да ја надминеме „границата“ од 35 Целзиусови степени во делови од Повардарието, а во останатите низини низ земјава се очекува максимална температура помеѓу 30 Целзиусови степени и 35 Целзиусови степени.

Инаку, од понеделник следува температурен шок. Температурите ќе паѓаат и ќе биде облачно и врнежливо.

 

 

Оцени ја веста

16.09.2015 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега