Коневски на средба со жителите на Горно и Долно Лисиче

 

Во ОУ „Гоце Делчев“ вчера се одржа последната средба на градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, со жителите на Горно и Долно Лисиче, како дел од средбите со граѓаните од сите урбани заедници на територијата на Општината.

На средбите покрај градоначалникот Коневски, присуствува и пратеничката Јасминка Дамческа, претседателот на Советот на Општина Аеродром, Виктор Камилоски, како и дел од раководството на секторите за урбанизам, инспекција и комунални работи во Општина Аеродром.

Граѓаните покажаа голем интерес за средбите со градоначалникот, на кои имаа можност да ги изнесат своите проблеми поврзани со урбаното живеење од сферата на комуналните работи, урбанизмот, културата, спортот и други области што ги засегаат и се поврзани со надлежностите на општината. На овие средби исто така можеа да се слушнат и нови идеи и предлози за подобрување на условите за живот во општината.

Градоначалникот Коневски им кажа на граѓаните дека Општината е отворена за соработка и дека сите нивни барања ќе бидат земени предвид и ќе се решаваат во рамки на надлежностите на Општината.

 

 

Оцени ја веста

15.09.2015 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега