Кавадарчанец украл цело игралиште и си го ставил во автомобил
Кавадаречката полиција синоќа фатила кавадарчанец кој украл девет реквизити за детска игра од градскиот парк, со намера да ги продаде како старо железо, информира денеска инспекторот за комунални дејности и животна средина при општина Кавадарци, Јованче Колев.
- Се работи за реквизити кои беа наменети за реконструкција на детскиот оддел при градскиот парк во Кавадарци. Реквизитите ги украл од објектот во кој се оставени сите предмети кои треба да бидат искористени за реконструкции во паркот, појасни Колев, додавајќи дека за среќа, кавадарчанецот паднал во рацете на полицијата веднаш по грабежот.
Колев најави санкции за крадецот. Општината согласно на Законот за комунални дејности и јавна чистота ќе покрене постапка за кражба и уништување на урбана опрема, а соодветна постапка ќе биде покрената и од кавадаречката полиција.