Полицајци и професори во понеделник ќе ја блокираат Грција

Грчкиот синдикат на вработени во државната управа планира тричасовно запирање на работата в понеделник и протести во Атина во врска со плановите на Владата за принудно префрлање на работна сила.

Грција во тие мерки вклучува и преместување во други градови на 3.500 општински полицајци како и префрлање на професори од средни училишта во основни училишта заедно со намалување на персоналот. Тоа беше обелоденето по средба на претставници од министерството за административна реформа по разговори со инспектори од „тројката“ меѓународни кредитори во петокот. Општински полицајци вчера го блокираа сообраќајот во Атина во знак на протест. 

најчитано сега