Владата ќе ги учи земјоделците како полесно до новите ИПАРД програми
Македонската Влада ја задолжи Агенцијата за финансирање на земјоделскиот и руралниот развој идната недела да распише оглас и да им објасни на македонските земјоделци како треба да ги користат услугите од ИПАРД програмата.
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска информираше дека Владата во наредниот период, интензивно, преку директни средби или преку медиумите, ќе им помага на земјоделците, објаснувајќи им како да аплицираат за проектите од ИПАРД програмата. Со ваквиот ангажман на Владата, се очекува да се зголеми интересот и искористувањето на проектите од ИПАРД.
Инаку, ИПАРД програмата вклучува три мерки со кои ќе се инвестира во овоштарството, одгледувањето на зеленчукот и виновата лоза и изработката на млечните и месни производи.