Експертите согласни: Владините мерки за намалување на невработеноста даваат големи резултати

Продолжува да се намалува невработеноста во Македонија. Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2015 година, активното население во  Република Македонија брои 956.174 лица од кои вработени се 699.578.

Овие позитивни трендови се должат на успешните владини проекти чија примарна цел се отворањето на нови работни места.

Експертите се согласни дека намалувањето на невработеноста во земјава е резултат на посветеноста на Владата која создаде поволна бизнис клима и силна економија.

Професорот доктор за социјални политики Јован Пејковски во изјава за Курир  вели дека позитивниот тренд се должи на бројни фактори како економската активност, стабилноста, инвестициите и активните мерки на Владата.

-Трендот што се одвива во оваа сфера, покажува еден позитивен правец затоа што намалувањето на невработеноста е резултат на повеќе фактори. Имаме раст на БДП, што значи имаме економска активност и во услови на криза се задржува, опстојува иако знаеме дека и во Европа и во  земјите со кои што Македонија соработува се уште има пострецесиони влијанија. Овде имаме позитивни движења кои што создаваат услови за отворање на нови работни места , што значи имаме економски влијанија, макроекономска стабилност која што се одржува на подолг период и мерки кои што се насочени кон поттикнување на инвестициите и домашни и странски пред се во насока на отворање на нови работни места. Тоа ја апсорбира работната сила, посебно едуцираната работна сила која што е барана кај инвестициите од странство и со самото тоа се создаваат можности за натамошен раст и на вкупната економска активност, односно на БДП и за создавање можности за отворање на нови работни места. Од друга страна имаме мерки и активни политики од Владата, кои што придонесуваат за самомотивација, колективација на претприменичките активности, односно сопствено економски самопонудување на лицата кои што имаат идеја, имаат шанса, а преку финансирање со разни поттикнувачки мерки се самовработуваат. Понатаму имаме мерки и за работодавачите кои што исто така се мотивираат да отвораат нови работни места. Со еден збор имаме мерки кои што позитивно дејствуваат во макроекономската сфера и со самото тоа се создаваат можности за нови работни места, истакна за Курир, професорот Пејковски.

Доцент доктор Лазар Јовевски кој предава трудово право во изјава за Курир ги коментира позитивните резултати, но вели дека допрва ќе бидеме сведоци на плодовите од ваквото дејствување.

-Намалувањето на трендот на невработеноста претставува позитивна работа која што сметам дека е објективна и е одраз на реалните поместувања на пазарат на труд коишто се инспирирани од континуираната тенденција, всушност и процес на намалување на невработеноста преку вработување во активниот реален сектор во Р.Македонија. Оваа тенденција треба да продолжи , со тоа што да се надеваме дека до крајот на годината ќе дојдеме до надминување на границата од 25 %, значи под 25% да падне невработеноста. Намалувањето на невработеноста како тенденција, како процес несомнено има длабоки позитивни ефекти на повеќе полиња. Пред се тоа значи намалување на оние категории на луѓе во Р.Македонија кои што се социјално зависни од државата. Од друга страна позитивно делува, благопријатно и на самиот пензиски систем односно на зголемување на бројот на вработени во однос на оние кои што се невработени. И трета работа всушност значи раздвижување на целокупната економија во државата , поголема платежна моќ на граѓаните и повисок и подобар стандард. Паралелно според мене, овој процес треба да го прати една широка акција на едукација и на работниците и на работодавачите, со цел остварување на правата од работен однос  за вработените во полн обем, а тоа значи работење на идејата за покачување на минималната плата, остварување на правото за поголема безбедност на здравје при работа, годишните одмор, заштитата на посебните категории како што се лицата со инвалидитет, жените и малолетниците итн. Владините мерки за намалување на невработеноста, се уште се во тек, го следиме процесот и преку показатели директно од пракса , но и во рамките на информациите кои што сите ние ги добиваме од Заводот за статистика, несомнено е дека овие мерки имаат позитивен ефект на вработувањето на особено ранливата категорија на пазарот на труд, а тоа се младите лица и истите мерки делуваат прилично стимулативно кај работодавачите во однос на вработување на млади лица.   Поентата е што се стимулираат пред се работодавачите, што според мене базично издржана логика , на тоа дека тие се токму клучот  за да може да се направи поголем провод на пазарот за труд на младите. Доколку се стимулирале можеби самите млади или некои други сегменти на пазарот на труд ефектите можеби не би биле толку видливи. Сега-засега мислам дека  концептот е издржан и дека допрва ќе бидеме сведоци на плодовите кои што ќе ги носи, објаснува тој.

Новите податоци објавени од Државниот завод за статистика говорат дека има намалување на невработеноста. Во првиот квартал од годинава, невработеноста изнесувала 27,3 проценти.

За споредба во вториот квартал од минатата година, невработноста изнесувала 28,2 проценти. Анализирајќи ги вработувањата според секторите, во второто тримесечје 2014 година во градежниот сектор имало 46 696 вработени, додека пак оваа година бројката на вработени се зголемила на 49 555 лица или 2 859 нови вработени. Споредено со 2006 година кога имало 43 203 вработени, за девет години има 6 352 нови вработени.

Преработувачката индустрија исто така бележи голем напредок и доколку минатата година бројката на вработени изнесувала 130 107 лица, оваа година бројката изнесува 137 220 лица или 7 113. Споредено со 2006 кога имало 123 066, до 2015 отворени се 14 154 нови работни места.

Земјоделскиот сектор во 2006 година броел 114 485 вработени, а оваа година 128 800. Во период од девет години има 14 315 нови вработени во овој сектор.

 

 

Оцени ја веста

12.09.2015 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега