Ванхауте: Треба да се почитува договореното

Работните групи за Договорот од Пржино вечерва ги продолжуваат разговорите за специјалниот обвинител. Белгискиот експерт и олеснувач во разговорите меѓу партиските работни групи Питер Ванхауте ќе им претстави предлог верзија за измена на Законот за избор на специјалниот обвинител.

Ванхауте во изјава за медиумите вечерва соопшти дека преговорите се соочуваат со сериозни проблеми, односно дека не се почитува дадениот збор.

- Доколку договорите крајни рокови тие треба и да се испочитуваат, рече Ванхауте и додаде дека во моментов една од најголемите партии не го почитува рокот и исто така не го почитува и договорот.

Според него ова не е начинот да се преговара и не може да се постигне договор ако не се почитува договореното.

Потенцира дека во Европа постои систем на вредности, а доколку Македонија сака да биде дел од неа, тогаш ќе мора тие вредности да ги почитува.

- Тоа значи дека секој функционер е должен и е одговорен пред народот. Тие треба да покажат одговорност пред граѓаните, и на одговорен начин да им објаснат што работат, а тие да имаат можност тоа да го прифатат или одбијат. Ако има сомнеж за можна злоупотреба тогаш тоа треба да подлежи на кривично гонење, нагласи Ванхауте.

 

 

Оцени ја веста

11.09.2015 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега