26 загинати за 24 часа - протестите продолжуваат да го тресат Египет

 

Најмалку 12 луѓе загинаа синоќа во судири меѓу приврзаници и противници на поранешниот египетски претседател Мохамед Морси во Александрија со што бројот на жртви за еден ден се искачи н 26 лица.

Претставник на здравствените власти рече дека само во Александрија загина 12 луѓе откако стотици исламисти се судрија со противници на Морси врз кои пукале со огнено оружје.

Според Амр Салама, од итната медицинска помош, полицијата ги поддржала противниците на Морси.

Египетската телевизија јави дека во Каиро загинале најмалку две лица и над 70 се повредени во судирите меѓу приврзаници и противници на Морси.

Египетските медиуми објавуваат дека сеуште траат тензиите во центарот на Каиро. На многу места има барикади, силите за безбедност се распоредени на главни раскрсници и мостови во градот. Автомобили на полицијата носат портрети на министерот за одбрана генерал Абдел Фатах аз Сиси, иницијатор на ултиматумот по кој беше симнат од власт претседателот Мохамед Морси во средата. Во близина на Универзитетот во Каиро приврзаници на Муслиманско братство подигнале барикади и истакнале плакати со ликот на Морси. Исламистите за денеска најавија нови протести во кои ќе бараат армијата да го врати на функција Мохамед Морси, само еден ден откако во судирите меѓу приврзаници и противници на поранешниот претседател загинаа 26 луѓе.

Насилствата почнаа откако врховниот лидер на Муслиманско братство рече дека ќе останат на улица се додека Морси не биде вратен на функцијата откако армијата го смени во изминатата недела. Египетската војска постави оклопни возила на главниот мост на реката Нил во Каиро и тоа беше нејзин прв голем потег со цел спречување на судирите меѓу двете страни.

 

најчитано сега