По две години врска сфатила нешто страшно за своето момче

Британка ја пријави во полиција својата познаничка, со која две години била во врска. Таа мислела дека станува збор за момче, но кога открила дека има секс со вештачки пенис, се шокирала.

Британката мислела дека води љубов со маж по име Кај Фортун, кој наводно се опоравувал од тумор на мозокот и не сакал да му се гледаат лузните. Но со време открила дека станува збор за нејзината 25-годишна пријателка Гејл Нуленд, која ја наговарала да става превез на очите за време на нивниот сексуален однос, бидејќи користела вештачки пенис.

Гејл моментално се наоѓа на судење поради сексуален напад. Таа се преправала дека е маж, пола Филипинец, а пола Латино. Тие комуницирале на интернет, а кога се чуле по телефон, жртвата сфатила дека има висок глас.

Британката опиша дека „тој“ бил многу внимателен со неа и се грижел, се до моментот кога таа не ги отворила очите.

 

 

Оцени ја веста

09.09.2015 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега