Генерацијата која ја извојува независноста и самостојноста ќе остане запаметена во македонската историографија

Се разбира на овој простор, и во овие активности, не биле вклучени само оние кои се идентификувале како Македонци, туку и припадници на други нации и народи кои живееле на истиот простор, а кој се идентификувал со поимот Македонија.

Борбата за слобода е заеднички плод на залагањата на сите нив, на македонците, но и на сите кои заеднички со македонците во различни етапи повеќе или помалку се бореле за таа слобода и независност на Македонија, како албанците, турците, ромите, србите, власите, бошњаците, христијаните, муслиманите, евреите, атеистите, ...сите, истакна премиерот по повод обраќањето за 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Таа борба, додаде тој, продолжува и подоцна во втората свестка војна и дополнително добива на интензитет. Во редовите на таа борба која ја предводела комунистичката партија, се вклучиле сите.

-Дел од нив биле идеолошки припадници или подржувачи на комунистичката партија и идеологија, но огромен дел небиле, но верувале и почуствувале дека тоа е историската шанса, историскиот момент за остварување на конечната цел, за извојување на слобода и за создавање на своја држава. Еден од клучните сигнали кон сите припадници борци, е фактот што комунистичката партија на интернационално ниво, уште во самите зачетоци донела одлука да се признаат малите народи и нации и да им се признае државноста, меѓу кои и на Македонија и македонскиот народ. Тие документи се усвоени во 20тите години најпрвин на меѓународно ниво, а подоцна и на ниво на КПЈ, уште пред стапувањето на Јосип Броз Тито за нејзин генерален секретар и останале непроменети до крајот на втората светска војна, по што и реализирани. Тогаш, имајки го во предвид даденото ветување од пред војната, имајки ја во предвид антифашистичката борба, имајки го во предвид деценискиот отпор и борба на македонскиот народ и другите народи на овој простор водени главно од ВМРО, и имајки во предвид дека после таква крвава војна и борба за слобода на Македонија, неисполнувањето на даденото ветување ќе значи понатамошни крвополевања и континуирани проблеми, имајки ги и во предвид потребите на тогашниот водач на КПЈ за баланс во државата со формирање на повеќе федерални републики, наместо со помалку и некои од нив да се предоминантни по големина републики, се создава историскиот момент кога се добива државноста, но само во рамките на Југославија, додаде Груевски.

Следуваат 45 години на тежок и брутален режим но и на континуиран отпор на народот за целосна независнот кој преку разни етикетирања, затворања и ликвидации се потиснува или прикажува на поинаков начин во тоа време.

-И сето тоа трае до следната историска шанса, која доаѓа со падот на комунизмот во сите земји во Европа, па и во Југославија, и со распаѓањето на Југоловенската федерација. Тоа е повторно историски момент, историска шанса, која правилно се искористува, за конечно создавање на слободна, суверена и независна Република Македонија, заокружено преку активностите на политичките партии и парламентот, и запечатен со референдумот токму на овој ден на 8ми септември, во 1991та година. Генерацијата која ја извојува независноста и самостојноста заслужува благодарност од сите следни генерации. Таа генерација во виорот на новите времиња и под татнежот на неприликите кои се случуваа во соседството успеа да донесе правилни одлуки, и покрај сите парцијални слабости и недоречености на тие одлуки, сепак, ние оддаваме должна почит на таа генерација, и таа генерација ќе остане запаметена во македонската историографија, заклучи премиерот.

 

 

Оцени ја веста

08.09.2015 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега