Вонредна временска прогноза: Влажен бран доаѓа кон Македонија - подгответе се за невреме

Сончево претпладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно од северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а највисоката дневна ќе достигне до 25 степени.

Во среда кон крајот на денот и в четврток нашава земја ќе да биде под влијание на влажен бран од  Медитеранот.

 

Обилни врнежи од дожд се очекуваат в четврток преку денот кои ќе бидат проследени со грмежи и со засилен ветер, наместа е можна појава на град и силни електрични празнења и силен ветер, локално во форма на невреме.

 

 Во западните и југозападните делови на земјава врнежите ќе бидат пообилни, наместа се очекува да наврнат над 30 l/m2воден талог

 

 

 

Оцени ја веста

07.09.2015 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега