ФОТО: Музички хепенинг организиран од УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Велес

Веќе трета година, УМС на ВМРО–ДПМНЕ ОК Велес организира Музички хепенинг. Toa e настан со кој политичкиот подмладок на ВМРО–ДПМНЕ им дава поддршка на талентирани млади луѓе за промоција и напредок на музичката сцена.

 

Оваа година на Музичкиот хепенинг, пред граѓаните на Велес се претстави новоформираниот Рок Бенд – Циклон кој што е составен од петмина млади велешани.

Тие се релативно нови на музичката сцена, но за неколку месеци откако бендот постои имаат освоено доста значајни награди меѓу кој и 1-во место на натпреварот на средношколски бендови во Р. Македонија организиран од страна на МАССУМ. Тие им се заблагодарија на Унијата на млади сили за можноста да се претстават пред младите во Велес.

muzcki1-500

Од УМС им посакаа повеќе успеси и напредок во понатамошното функционирање.

-Јас би им посакал успех во понатамошното функционирање, повеќе награди, повеќе публика и секако промовирање на сопствен албум. А ние како најбројна политичка младина во Велес ќе продолжиме да ги поттикнуваме и да ги подржуваме сите млади, креативни луѓе кои работат посветено во сите области. Всушност како што сме го правеле и сме го докажале тоа и до сега – рече Бојан Смилески, подпретседател на УМС на ВМРО – ДПМНЕ ОК Велес.

Настанот беше проследен од голем број млади велешани.

muzcki2-500

 

 

 

Оцени ја веста

07.09.2015 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега