ТРАГЕДИЈА: Ја изрешетал девојка му, па сам си пресудил

По жестока расправија во автомобил,  Веран Јанковиќ (42) од Шабац тешко ја ранил Лилјана Глигориќ (50), па си пукал во главата.

Трагедијата се случила вчера околу 16 часот на улица „Крал Милутин“, во близина на автобуската станица во Шабац. Според изјавите на сведоците, парот се паркирал со црвено Рено Меган во близина на продавница за авто делови, па следела жестока расправија. Инаку, Веран и Лилјана имале бурна љубовна врска, во која биле две години.

По расправијата, Лилјана излегла од колата, а по неа и Веран кој пукал три пати со пиштолот, па се вратил во автомобилот и си пресудил самиот себеси. По доаѓањето на амбулантското возило, Лилјана била пренесена во локалната болница со куршум во ногата и два во стомакот и се уште се бори за живот.

Веран имал дозвола за носење на оружје а бил познат по тоа што сакал времето да го поминува со разни девојки, па изгледа дека тоа било причината за жестоката расправија, а претходно се развел токму поради таквите авантури.

 

 

Оцени ја веста

07.09.2015 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа