Вистински херој: Никола ја спаси својата сестричка секунда пред автомобилот да експлодира

Единаесетгодишното момче Никола Влајковиќ од Србија стана херој откако ја спаси својата едногодишна сестричка од автомобил по сообраќајка во Грција.

Никола не се двоумел ни секунда - од смачканиот автомобил ја извлекол сестричката, неколку секунди пред истиот да се запали, пренесуваат српските медиуми.

„Не размислував за себе, сестра ми од назад беше врзана за своето седиште и немаше кој да ја спаси. Ја одврзав и ја извлеков низ прозорецот, а само неколку секундио потоа, автомобилот експлодира“, кажува Никола.

Нивните родители се извлекле со помош на пријателите.

„Не знаевме што е со децата, мислевме дека изгореа, ги баравме, додека Никола на триесет метри од ударот не се огласи“, кажува нивниот татко Дарко.

Инаку нивниот автомобил го погодил џип со брзина од 240 километри на час.

 

 

Оцени ја веста

07.09.2015 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега