Генијален дизајн: Ова ни е неопходно на сите

Овој изум е толку едноставен, што е чудно како досега на никој не му текнало да го направи. Но, момчето кое го патентираше станува милионер.

Дизајнерот Хирал Сангави (29) ја дијазнираше „Baubax“ јакната, најдобрата патничка јакна во светот. За својот проект на сајтот Kicktarter собрал неверојатни 9,2 милиони долари донации.

Неговата идеја како и дизајнот на патничката јакна воодушеви 45.000 луѓе. Тој се надевал на донации од околу 20.000 долари, но кога луѓето во видео презентацијата откриле што се оваа неверојатна јакна може, преку донации ја направија најфинансираниот предмет во историјата на овој начин.

-Може да кажеме дека Baubax е швајцарки нож меѓу јакните. Осмислена е така да патниците може да ги решат поголемиот број проблеми со кои е соочуваат, па меѓу останатото има место за слушалки, перниче, џеб за пијалок, џеб за очила, за таблет, грејач за раце..., изјавил Сангави, кој при дизајнирањето имал помош од сопругата.

Оваа оригинална јакна досега е нарачана од над 70.000 луѓе ширум светот.

 

 

Оцени ја веста

06.09.2015 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега