Нејмар ќе добие 200 милиони евра од Барса да не оди во Јунајтед

Барселона планира на Нејмар да му плати 200 милиони евра во наредните шест сезони за да го задржи на „Ноу Камп“.

Во летниот преоден рок се шпекулираше дека Манчестер Јунајтед е подготвен да ја плати откупната клаузула од неверојатни 190 милиони евра за Бразилецот.

Поради тоа Барселона планира во зимската пауза да му понуди нов договор на Нејмар со плата од неверојатни 680.000 евра неделно.

Со тоа Бразилецот би имал речиси иста плата како првата ѕвезда на тимот Лионел Меси.

Инаку, Нејмар во Барселона пристигна во 2013-та година за околу 60 милиони евра.

 

 

Оцени ја веста

06.09.2015 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега