Инцидентите во Лезбос не стивнуваат: Полицијата употреби солзавец против мигрантите

На грчкиот остров Лезбос полициските безбедносни сили употребија солзавец за разбивање на група од илјадници мигранти, кои синоќа се обиделе да преминат преку безбедносната ограда и да се качат на траект, специјално ангажиран за превоз до Пиреја на пристигнатите бегалци на островот.

Во судирите е повреден еден бегалец, кој итно е пренесен во болница, соопшти полицијата.

Во текот на денот стотици мигранти протестираа, скандирајќи „азил, азил“, пред главниот прифатен центар на островот против бавната процедура за регистрирање, што го забавува нивното префрлање во Атина. Групата фрлала со камења кон полицијата. 

 

 

Оцени ја веста

06.09.2015 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега