Гори борова шума кај село Каратманово

Гори борова шума во атарот на село Каратманово во Општина Лозово. Пожарот моментно го гаснат над 30 пожарникари, вработени во ЈП Македонски шуми и други институции, како и жители од селото.

Според информациите од надлежните кои се на терен, се уште не може да се процени колкава површина е зафатена, но се смета дека пожарот е предизвикан од човек.

Нема опасност од проширување на огнената стихија во околните населени места. 

 

 

Оцени ја веста

05.09.2015 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега