Исповед на батлерот на принцезата Дијана: „Ми рече да ја чекам“

Речиси 18 години по страотната несреќа, поранешниот батлер на принцезата Дијана откри детали од нивниот последен разговор.

Пол Бурел кажува дека Дијана била осамена и патела за својот дом во Британија. Сакала да се врати што поскоро од Париз.

„Ми рече дека ќе доцни со враќањето и ме замоли да го изменам нејзиниот распоред. Сакаше да и ветам дека ќе бидам дома кога ќе се врати“, раскажа Барел.

Поранешниот батлер тврди дека дијана била осамена и очајнички сакала да се врати дома. Додека тој ја чекал дознал за страотната несреќа која се случила во Париз.

„Ја чекав да се врати дома. Тоа беше најтажниот ден во мојот живот“, заклучи тој.

 

 

Оцени ја веста

05.09.2015 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега