УМС со пародија од Куманово укажа на сите ветувања кои Зоран Дамјановски не ги исполнил

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово преку пародија укажа на сите ветувања кои градоначалникот на овој град Зоран Дамјановски - Циц не ги исполнил.

Дамјановски ветува, тоа не е спорно, практично стана светски првак во ветување. Но, сепак за разлика од другите градоначалници, тој ништо не исполнува. Така е со ветената општинска зграда, со ветениот затворен базен, со експропријацијата на земјиштето.

-Огромна е честа да се види градоначалникот заедно со граѓаните да се пресече свечено оваа лента за пуштање во употреба на општинската зграда. Веруваме дека ова е првиот градоначалник што го направил ова, бидејќи сите останати градоначалници кога ќе ветат исполнуваат. Освен нашиот, кој ветува и не само што не исполнува, туку и по неколку пати може да се задолжи за една иста работа и да не ја направи. Ние го имаме најдобриот градоначалник во светот. Кога нешто ќе вети, ветено е, но дали го исполнува. Тоа и не е толку важно. Важно е дека е светски првак во ветување.  Така е и со овој проект, општинската зграда, така беше и со затворениот базен и експропријацијата на земјиштето, велат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.

За само овие три проекти, кои се ветени, а не се исполнети, градоначалникот Зоран Дамјановски – Циц ја задолжил општината со над 3,5 милиони евра. Како што велат од УМС, Куманово стана пример за град во кој ништо не се работи и се е оставено на немилиста на времето и функционерите на СДСМ.

- Да потсетиме дека ја задолжи општината Куманово со над 3,5 милиони евра да се завршат овие три проекти. Сега кога ќе се потсетиме малку ни е криво и веруваме дека можеше да се задолжи повеќе, а со тоа да вети и некој проект. Ова еуште еден во низата проекти корисни за граѓаните како што е отворениот базен. Градоначалникот во текот на жешкото работно лето, кое веруваме го помина многу напорно, со реализација на проектите на новата општинска зграда. Наместо да плива со граѓањите во базенот, тој одлучи да не им смета и да отиде на море, а граѓаните ги оствари да пливаат во долгови. Куманово во моментов е град кој се распаѓа, не само од надвор и инфраструктурно туку и од внатре плива во долгови. Куманово стана пример за другите општини како се местат тендери, како високи партиски функционери од врхушката на СДСМ земаат тендери. Како за паркинг системи се даваат тендери од над половина милион евра на блиски партиски соработници. Куманово стана пример за град во кој ништо не се работи, а се останато е оставено на немилоста на времето и функционерите на СДСМ. Господине Циц бидете доблесни, кога можете да ветувате, можете и да признате на граѓаните на Куманово дека не сте способни да ја водите нашата општина. Вие станавте пример за градоначалник за тоа како не треба да се работи. Но, што е важно тоа. Важно и вие сте пример и прв во нешто, а тоа е неработењето. Граѓаните во Куманово нема повеќе да ви дозволат да ги манипулирате, а тоа ќе го докажат на изборите што доаѓаат во април. Пред се вие ќе бидете поразени, а граѓаните ќе ви навестат што ве чека на локалните избори во 2017-та година. Свесни сме дека освен сопствените бизнис интереси, ништо друго не ве интересира. Но, иако е така не го уништувајте Куманово. Овој град има душа, уште малку време ви остана, му порачаа на Дамјановски од УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.

 

 

Оцени ја веста

05.09.2015 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега