„Жртви од транзицијата“: Пратениците на СДСМ да ги вратат платите кои ги земаа додека не работеа

Граѓанското здружение „Жртви од транзицијата“ бараат пратениците на СДСМ, кои на 1-ви септември се вратија на своите работи места, да ги вратат платите кои ги земаа додека беа надвор од Собранието и не работеа.

-Ние, членовите на Здружението на Жртви од Транзицијата бараме од Петре Шилегов, Лидија Димова, Рената Тренеска Десковска, Горан Мисовски, Горан Сугарески и останатите членови на пратеничката група на СДСМ да ги вратат платите кои ги земаа за 15 месеци неработење со цел истите да им бидат распределени на стечајните работници и работниците со ниски примања. Сметаме дека со ваквиот доблесен гест пратеничката група на СДСМ за разлика од досегашната политика на оваа партија за прв пат ќе докаже дека конечно сериозно се ангажира во насока на подобрување на стандардот на стечајците и работниците со ниски примања. Eдинствено е фер оние кои 15 месеци земале народна плата без воопшто да се појават на работното место да ги вратат парите кај народот за кој се грижат, народ кој за сето тоа време макотрпно работел за да преживее, се вели во соопштението на здружението.

Оттаму додаваат дека 50-те милиони денари кои СДСМ ги инкасирале од државната каса за својот ангажман му припаѓале на народот кој им ја дал довербата да се борат за неговите права, наместо да ја блокираат работата на државата и да го бојкотираат функционирањето на системот. 

-Знаеме дека челниците на СДСМ и без овие 15 плати можат да си дозволат луксузни одмори на јахти по елитни локации, додека својот електорат го сместуваат во шатори на асфалт за да им ја води политиката на бојкот како единствен начин да се соочат со сопствениот политички пораз, покрај арома-терапијата од мирисот на морските монденски бранови. Токму затоа инсистираме Шилегов, Димова, Тренеска Десковска, Мисовски, Сугарески и останатите платени пратеници на СДСМ беспредметно земените пари од државната каса да ги дадат на оние на кои тие пари им припаѓаат - стечајците како нивна директна одговорност и екс-стечајците кои работат за пониска плата, се вели во соопштението.

 

 

Оцени ја веста

05.09.2015 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега