Семејна драма: Драган го убил својот татко бидејќи не сакал да изгради нова куќа

„Братучед ми неколку пати ми рече дека Драган ќе го убие, и така беше“, кажува Мичо Живковиќ од Србија, братучед на Јовица Мудриќ, кој е убиен од својот син Драган, припадник на српската полиција.

„Мојот братучед Јовица се жалеше на синот, ми рече дека често му се заканува со убиство“, раскажува Мичо за српски Курир, братучед на Јовица кој во четвртокот вечерта беше убиен од својот син. Драган после неколку часови бегство се предал на полицијата.

Драган во својот татко неколку пати пукнал со пиштол во четвртокот вечерта, а убиството го пријавил на својот претпоставен.

Трагедијата не ги изненадила роднините.

„Јовица ми се пожали уште минатата година дека има проблеми со Драган“, раскажува Мичо и додава дека тој го молел да разговара со внукот за да ја смири ситуацијата. Целата расправија била околу тоа дека Драган сакал да ја сруши куќата и да направи нова, а Јовица не се сложувал со тоа.

 

„Соседот слушна кавга и кршење на стакло. Потоа слушнал и четири или пет истрели“, додаде Живковиќ.

„Јовица сакаше да го избрка Драган од куќата. Цело време му се закануваше со пиштол, кој легално го поседува. Јовица дури во една прилика и мене ми рече да не го пуштам своето дете кај Драган, бидејќи ако дојде до таа ситуација, нема да бира кој ќе го погоди“, кажува Драган Костиќ, братучед на Драган.

 

 

Оцени ја веста

05.09.2015 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега