Премиерот Груевски повторно меѓу граѓаните - денеска во посета на Куманово и Старо Нагоричане

Премиерот Никола Груевски денеска ќе ги посети општините Куманово и Старо Нагоричане.

Груевски ќе се сретне со жителите на село Романовце, ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција на основното училиште „Толи Зурдумис“ и ќе го посети објектот на реконструираното основно училиште „Браќа Миладиновци“.

Предвидено е премиерот да има средба и со жителите на населбата Гоце Делчев и селата Пчиња, Никуљане, Младо и Старо Нагоричане, како и да изврши увид во градежните активности за изградба на локалниот пат село Никуљане – село Челопек.

 

 

Оцени ја веста

05.09.2015 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега