Самка Ибраимовски ќе организира штрајк потив Миленко Неделковски

Пратеникот Самка Ибраимоски од Партијата за целосна еманципација на Ромите и дел од опозициската коалиција, незадоволен од изјавата на Миленко Неделковски во документарецот за „Скопје 2014“ што се емитувалше на МТВ најави штрајк. Реакцијата на Ибраимоски се однесува на констатацијата која ја дал Неделковски за Ромите, пренесува Плусинфо

„Еве како Миленко Неделковски опиша како изгледало Скопје порано: „Со две до три циганчиња кои просат на Камениот Мост“. Значи овој човек, повторно си игра со оган и повторно со дискриминација се обраќа кон најлојалните граѓани на Македонија. Мислам дека дефинитивно телевизијата „Канал 5“ треба да размисли дали и понатаму треба да му дозволи да води емисија. Ромите ќе се соберат пред ТВ „Канал 5“ и најверојатно јас, како пратеник и припадник на ромската заедница која ја претставувам во Собранието, ќе соберам потписи од сите граѓани, особено од ромската етничка заедница и ќе му поднесам кривична пријава за кривично дело расна и религиозна омраза“, вели Ибраимоски во писменото соопштение кое го пренесе Плусинфо

најчитано сега